Sayed Khodaberdi Sadat
03 Август 2018•Ажурирај: 04 Август 2018
КАБУЛ (АА) - Во самоубиствениот напад извршен по петочната молитва (џума-намаз) во една џамија на шиитите Хазари, во авганистанската покраина Пактија, својот живот го загубија 30 лица, додека 60 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик портпаролот на Министерството за внатрешни работи на оваа земја, Насрат Рахими, истакна дека бомбата што ја носел со себе, напаѓачот ја активирал за време на петочната молитва во оваа џамија која се наоѓа во градот Гердиз.
Хасрет информираше дека во нападот животот го загубија 30 лица, додека 60 се повредени.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот. Но, Талибанците тврдат дека немаат поврзаност со нападот.