Aşkın Kıyağan
15 Октомври 2017•Ажурирај: 15 Октомври 2017
ВИЕНА (АА) - Австрија денеска гласа за формирање на 22. Федерален парламент (Nationaltag), јавува Anadolu Agency (AA).
Во 7.00 часот по средноевропско време утрово беа отворени избирачките места, а гласањето ќе трае до 17.00 часот.
На парламентарните избори во Австрија учестуваат 16 политички партии, а пријавени се 2.055 кандидати.
Австрија со своите 9 сојузни покраини, поделена е на 39 изборни подрачја. Во оваа земја право на глас имаат австријските државјани кои наполните 16 години. На овие избори во Австрија право на глас имаат 6,4 милиони гласачи, а за првпат своето право на глас ќе го искористат околу 300.000 лица.
Изборните кандидати во Австрија е потребно е да го надминат баражот од 4 отсто. На овие избори ќе се гласа на 800 избирачки места, а гласачите ќе можат своето право на глас да го искористат и испраќајќи го својот глас по пошта.
Австрија е земја во која над 10 отсто од гласачите своето право на глас го користат по пат на пошта.
- Се очекува централната десноориентирана партија Народна партија на Австрија (ОVP) да биде прва на овие избори -
Веќе 34 години државата е раководена од коалициски влади. Се предвидува дека и по овие избори ќе се формира коалициска влада.
Изминатиот мај, на чело на конзервативната Народна партија на Австрија (ОVP) застана Себастијан Курц, министер за надворешни работи на Австрија и министер за евроинтеграции.
На изборите кои се одржаа во 2013 година, ОВП освои 24 отсто од гласовите, а на овие избори, благодарение на коренските измени во партијата, се очекува дел од гласовите на екстремнодесничарските партии да прејдат кај ОВП и на овие избори да освои меѓу 31 и 34 отсто гласови.
Според анкетите на јавното мислење, Социјалдемократската партија на Австија (SPО), која е актуелен коалиционен партнер во владата на ОВП и која напретходните избори освои 26 отсто од гласовите, на овие избори се очекува да освои 1 отсто повеќе.
Слободарската партија на Австрија (FPО) која на изборите одржани во 2013 година освои 20,5 отсто од гласовите се очекува на денешните избори да освои 25 отсто од гласовите.
Новиот австриски и либерален форум (NEOS), формиран во 2012 година, се претпоставува дека на овие избори ќе го задржи процентот на освоени гласови во 2013 година од 5 отсто.