Ruslan Rehimov
07 Април 2016•Ажурирај: 08 Април 2016
БАКУ (АА) – Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека на линијата од фронтот меѓу Ерменија и Азербејџан ерменската војска отворила оган врз воено амбулатно возило на азербејџанската војска, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писмениот допис на министерството се вели дека и покрај постигнатиот договор за прекин на операциите, војската на Ерменија од различни правци отвара оган врз азербејџански воени позиции и населени места.
Ерменската војска на линијата од фронтот кај Агдере-Горанбој отворила оган врз амбулантно возило, притоа нема загинати ниту повредени, но е причинета сериозна материјална штета врз возилото, соопштува министерството.
Во соопштението се вели дека со возилото се евакуирале ранети цивили од нарушувањето на прекинот на огнот од стана на војската на Ерменија.
Нападот, министерството го оцени како „ грубо кршење на меѓународните човекови права“.