Amina Zorniç
07 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
ЖЕНЕВА (АА) – Поради аферата во врска со ‘offshore’ сметките и финансиските малверзации објавени во документот “Досие Панама”, познат адвокат и еден од најбогатите луѓе на Уругвај, Хуан Педро Дамјани, поднесе оставка на позицијата етички судија во Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), пренесува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за еден од судиите на Етичкиот комитет на ФИФА кој ја подржа забраната за работа на повеќегодишниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, на кој во 2015 година му беше забрането да работи во фудбалот следните шест години.
Според пишувањата на светските медиуми, Дамјани од неделата е под истрага кога неговото име се појави во светската јавност по објавувањето на доверливи информации во единаесет и пол документи од компанијата “Мосак Фонсека” од Панама, која на многубројни светски државници им помагала во перење на пари и избегнување плаќање на данок.
Дамjани соопшти дека поднесува оставка, не наведувајќи детали. Медиумите наведуваат дека тој деловно соработувал со колегата Еухенио Фигередо, поранешниот потпретседател на ФИФА, кој кон крајот на минатата година беше уапсен во Цирих. Тој беше предаден на Уругвај каде ја призна вината за измамите, перењето пари, спорни надокнади и примање мито.