Gorana Jakovljevic
16 Јуни 2016•Ажурирај: 16 Јуни 2016
БАЊА ЛУКА (АА) - Во Бања Лука денес започна состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ) , јавува Anadolu Agency (AA).
Ово е еден од најважните и најголемите регионални собири на министрите за надворешни работи, а на почетокот на состанокот кој се одржува во Културниот центар во Бански двор во Бања Лука, домаќин е министерот за надворешни работи на БиХ Игор Црнадак, кој ги поздрави присутните.
Темите за кои ќе се разговара се миграциската криза и почитување на човековите права во борбата против тероризмот, јакнење на регионалната соработка во проектите од одржив развој, јакнење на бизнис врските, како и унапредување на транспортната и енергетската поврзаност.
На собирот присуствува и комесарот за соседна политика и преговори за проширување на ЕУ Јоханес Хан. Освен министрите за надворешни работи на Австрија, Италија, Бугарија, Унгарија, Србија, Македонија и Белорустија, останатите земјите, членки на ЦЕИ, ги претставуваат заменици министри за надворешни работи и државните секретари во министерствата.
Пред почетокот на министерската конференција одржан е и состанот на националните координатори на државите членки, кои ќе работат на усогласување на Коминикеа кое ќе биде усвоено на сосанокот, најавено е од Министерството за надворешни работи на БиХ.