Fatih Hafız Mehmet
16 Јануари 2019•Ажурирај: 17 Јануари 2019
АТИНА (АА) - Владата на Алексис Ципрас го преживеа вечерашното гласање за доверба во грчкиот Парламент со 151 наспроти 149 гласа, јавува Anadolu Agency (AA).
Процедурата за гласање за доверба на Владата беше покрената од самиот премиер, со цел да покаже дека има мнозинство во Парламентот и покрај распаѓањето на владината коалиција.
Ципрас ги доби неопходните 151 глас во Парламентот кој брои 300 пратеници, и на тој начин неговата Влада преживеа. Следниот предизвик пред премиерот е гласањето за Преспанскиот договор.
Имено, Панос Каменос, министерот за одбрана во Владата на Ципрас и лидер на партијата „Независни Грци“ минатиот викенд ја напушти коалицијата поради договорот со Македонија.
Македонскиот Парламент веќе го ратификуваше Преспанскиот договор, а се очекува истото да го стори и грчкиот Парламент во наредните денови.