Mustafa Çalkaya
23 Јануари 2018•Ажурирај: 24 Јануари 2018
АНКАРА (АА) - Индексот на доверба на потрошувачите забележа раст од 11,1 отсто во јануари во споредба со минатиот месец, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турскиот институт за статистика (TÜİK) ги објави податоците за индексот на доверба на потрошувачите за месец јануари.
Според резултатите на анкетата спроведена во соработка на TÜİK и Централната банка на Република Турција, индексот на доверба на потрошувачите забележа раст од 11,1 отсто во јануари во споредба со минатиот месец, односно индексот на доверба на потрошувачите во декември минатата година изнесуваше 65,1 поен, додека овој месец порасна на 72,3 поени.
Се очекува дека индексот во наредните 12 месеци, зависно од финансиските услови на домаќинствата исто така, да биде позитивен.
Очекувањата за можноста за штедење се зголемија за 49,7 отсто. Овој индекс во декември беше 17,5 поени, додека во јануари се покачи на 26,2 поени.