Emrah Güney,Hanife Sevinç
23 Мај 2016•Ажурирај: 23 Мај 2016
ИСТАНБУЛ (AA) - Првиот светски хуманитарен самит во организација на Обединетите нации (ОН) чиј домаќин е Турција, започна денес во Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Самитот започна со доаѓањето на околу 60 претседатели на држави и влади, кои најпрвин на работен појадок се состанаа со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Претседтаелот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, Претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ, како и генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Бан Ки-Мун пристигнаа вчера во Истанбул за да учествуваат на Светскиот хуманитарен самит, кој денес и утре се одржува во Истанбул.
Во градот на Босфор претходно стаса и претседателката на Република Хрватска Колинда Гранар Китаровиќ. Во текот на денот пристигнаа и претседателот на Азербејџан Хајдар Алијев, претседателот на Палестина Махмуд Абаз, емирот на Кувајт Шеик Сабах ал-Ахмет ал-Џабер ес-Сабах, премиерот на Тунис Хабиб Есид, премиерот на Либан Темам Селам и други.
Во време на масовни миграции, кога луѓето во целиот свет се соочуваат со интензивни хуманитарни кризи, во Турција, земја која, според претставниците на Обединетите нации (ОН), прими повеќе од три милиони бегалци, во понеделник на 23-ти мај, ќе започне првиот Светски хуманитарни самит. Лидерите на земјите од целиот свет, претставници на различни организации пристигнуваат во Истанбул по тој повод.
Светскиот хуманитарен самит се одржува на 23-ти и 24-ти мај во Истанбул, во време кога човечкото страдање како резултат на природните катастрофи или вооружените конфликти се поголеми од страдањата за време на Втората светска војна.
Бројот на раселени лица во светот достигна 60 милиони, а секоја година 218 милиони луѓе се погодени од природни катастрофи. Овие катастрофи на светската економија и предизвикуваат штета од 300 милијарди долари.
Самитот се одржува по иницијатива на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. На самитот лидерите на над 60 земји ќе бараат одговори на итни прашања.
На Самитот ќе се одржат 15 посебни сесии, 17 тркалезни маси и околу 130 придружни активности.
Се очекува дека на самитот, кој е прв од ваков вид во последните 70 години, да се приклучат околу 6.000 учесници, меѓу кои и претставници на 500 локални и меѓународни невладини организации, како и претставници од 345 компании од целиот свет.