Ekipa
13 Ноември 2016•Ажурирај: 13 Ноември 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Во Истанбул се одржа 38. Водафон маратон под мотото „Трчаме за загинатите херои од 15. јуни“, организиран од страна на одделот за спорт на општина Истанбул, јавува Anadolu Agency (AA).
Најдолгата патека на маратонот изнесува 42 километри и 195 метри. Маратонот го отворија министерот за спорт и млади Акиф Чагатај, министерот за семејство и социјална политика Бетул Сајан Каја, гувернаторот на Истанбул Васип Шахин како и на градоначалникот на општина Истанбул, Кадир Топбаш.
Со цел да им оддадат почит на загинатите херои не беше користен стандардниот пиштол за старт на маратонот, туку трката започна со звук од мегафон.
На маратонот учествуваат 10 илјади лица. Во 15-километарската трка се натпреваруваат 12.500 лица, додека во 10-километарската трка се натпреваруваат 15.500 лица.
Оваа година во златната категорија на маратонот во Истанбул ќе се натпреваруваат 90 атлетичари.
Во маратонот којшто ги соединува двата континети, кој всушност претставува еден и единствен маратон учествуваат познати атлетичари од Турција, Белорусија, Еритреја, Етиопија, Јужна Африка, Русија и Украина.
Во машката категорија ќе се натпреваруваат Петар Кипто Киплагат и Винсент Кипроп Чепкок од Кенија. Шура Китата Тола, Тарик Јуфар, Роби Бирнхау Гедефа од Етиопија, Олекандар Ситковски од Украина и Мумин Гала од Џибути. Во женската категорија ќе се натпреваруваат Фатима Садо и Секале Даласа од Етиопија, Агнес Борисосо од Кенија и Диана Лобацевска од Литванија.
- Трката на хероите -
Оваа година маратнот, којшто се организира со мотото „Трка на хероите“, во која што ќе учествуваат граѓаните ќе започне од Алтунизаде.
На 8-километарската маратон ќе учествуваат граѓаните којшто преку „Мостот на загинатите херои од 15 јуни“ ќе завршат ја трката во Долнобахче.
Во оваа трка учествуваат голем број институции, здруженија како и невладини организации.
- Ќе се доделуваат награди во износ од 887.000 долари -
Во рамките на организацијата за квалификувани спортисти ќе се доделат награди во вредност од 887.000 долари.
За генералната квалификации ќе се доделуваат 216.000 долари. Во машката и женската категорија ќе се доделуваат награди за првите пет места, односно 50 илјади, 25 илјади, 15 илјади, 10, илјади и 8 илјади долари.