????? ???????????
12 Ноември 2015•Ажурирај: 13 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) – Прв дипломатски форум на централноевропската иницијатива се одржа денеска во Скопје во рамките на претседавањето на Македонија со ЦЕИ. Во овој дипломаткси форум на ЦЕИ фокусот беше ставен на можностите регионалните иницијативи да се стават во функција на младите, јавува Anadolu Agency.
Директорката на Дипломатската академија на Министерството за надворешни работи на Македонија, Аделина Марку во изјава за АА рече дека идејата е да се воспостави курикулум за дипломатската академија за млади дипломати, нивната обука и нивно меѓусебно поврзување.
“Дипломатските академии во регионот, особено Дипломатската академија во Југоисточна Eвропа имаат одлична соработка. Нашите средби се многу чести, особено со Виена, Црна Гора, Скопје и Белград. Ние продолжуваме да имаме и други заеднички средби во ниво на дирекции на дипломатски академии.
Нашата идеја беше да се воспоставиме курикулум за дипломатската академија за млади дипломати, нивната обука и нивно поврзување“, изјави Марку.
Според неа, државите се поврзуваат доколку се поврзувааат луѓето, а за тоа помагаат културите.
На овој форум присуствуваа претставници од 14 држави на ова меѓународна организација на ЦЕИ, претставници на Турција, претставници на Министерството за надворешни работи, експерти од Италија, Австрија, кои се главните донатори на ЦЕИ, како и еден експерт од Бугарија.
Македонија претседава со оваa организација од први јануари 2015 година, а членка е од 1993 година.