????? ??????????-???????
13 Ноември 2015•Ажурирај: 14 Ноември 2015
АНКАРА (АА) – Американскиот државен секретар, Џон Кери, кажа дека САД имаат план за ослободување на преостанатиот дел од пограничното подрачје помеѓу Сирија и Турција кое се наоѓа во рацете на Даеш, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сите наши напори се исплаќаат. До неодамна Даеш контролираше повеќе од половина од границата помеѓу Турција и Сирија долга 870 километри. Денес тоа е помалку од 15 проценти, имаме план како заедно со сојузниците да воспоставиме сигурност и на преостанатиот дел и ќе го примениме“, рече Кери во текот на својот говор во Институтот за мир на САД.
„Имаме почести и поефикасни воздушни интервенции. Заедно со курдските партнери организиравме една храбра акција и спасивме 79 заробеници кои Даеш планираше да ги убие“, рече Кери.