Zülfiya Yakup
30 Ноември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Пратениците на опозицијата пред почетокот на денешната седница на Собранието на Косово фрлија солзавец во собраниската сала за да оневозможат нејзино работење и сите пратеници беа принудени да ја напуштат пленеарната сала, јавува Anadolu Agency (AA).
Опозицијата го одби повикот на Претседателството на Собранието да се предложи начин за мирно одржување на седницата. Тие сметаат дека не може да се продолжи нормална работа на Собранието се додека не се повлечат Договорите за заедниците на општините со српско мнозинство и демаркација на границата со Црна Гора.
Иако собраниското обезбедување пред седницата, по контролата го задржа и приведе пратеникот на "Самоопределување" Фисник Исмаил, опозицијата пак внесе солзавец во салата. Од утрово во Собранието и и околу него се полициски сили.
Се очекува, како последните два пати , седницата да биде продолжена во алтернативната сала на зградата на Собранието.
Потсетуваме, поради насилното однесување во собраниската сала и користење на солзавец досега се уапсени два опозициски пратеници, Доника Кадај-Бујупи и шефицата на пратеничката група "Алијанса за иднина на Косово" и Албин Курти, пратеникот на "Самоопределување".
Налог за апсење е издаден и за Албулена Хаџиу и Фатон Топалија, пратениците на "Самоопределување". Тие сеуште не се уапсени.