Zülfiya Yakup
30 Ноември 2015•Ажурирај: 01 Декември 2015
ПРИШТИНА (АА)- Косовската полиција го уапси Исмаил Куртеши, пратеникот на опозициското движење “Самоопределување” , додека излегуваше од зградата на Собранието на Косово. Во апсењето на Куртеши учсесвуваа неколку десетици полицајци меѓу кои некои беа во цивилка, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако го легитимира, полицијата го испрати Куртеши до автомобилот за да го спроведе во поициската станица. Куртеши тогаш рече дека ја разбира нивната обврска.
“Совесно ... За доброто на земјтата сигурно и Вие наскоро ќе ни се придружите и ќе го направите истото дело”, рече Куртеши при приведувањето.
Курштеши беше во групата на опозициските пратеници кои денеска со фрлање на солзавец во собраниската сала оневозможија одржување на седницата. Претходно беше уапсен и пратеникот на Иницијативата за Косово, Хаџи Шала, кој исто така фрлаше солзавец во собраниската сала.
Косовската полиција потврди дека поради фрлање солзавец внатре во собраниската сала, по наредба на надлежен обвнинител, на пратениците Шала и Куртеши ги приведе во полициската станица на разговор.
Полицијата порано денеска, за време на контролата при влегувањето во Собранието на Косово, кај пратеникот на Самоопределување, Фисник Исмаили, пронајде две боци со гас за кои се сомнева дека се солзавец за што му изрече мерка притвор 48 часа.