Zülfiya Yakup
15 Декември 2015•Ажурирај: 16 Декември 2015
ПРИШТИНА (АА) - Косовската полиција соопшти дека доцна синоќа околу 22:50 уапсила пет опозициски пратеници, сите од движењето "Самоопределување" при нивното излегување од зградата на Собранието во Косово, врз основа на наредбата на надлежниот обвинител, јавува Anadolu Agency (АА).
Полицијата ги уапси Глаук Коњуфца, Аида Дергути и Беса Бафтиу под сомнение дека фрлале солзавец додека пак пратениците Фисник Исмаили и Фатон Топали се задржани за непочитување на мерките на домашен притвор и појавување во јавноста, поточно на седницата во косовското Собрание. Сите беа однесени во полициската станица за понатамошна обработка.
Опозицијата која бара да се повлечат договорите за заедницата на српските општини со мнозинство, и за демаркација на границата со Црна Гора, три и пол месеци употребува солзавец за да ја блокираат работата на Собранието на Косово.
Полицијата вчера попладне ги уапси и пратениците од Алијансата за иднината на Косово на излезот на Собранието поради сомнение дека употребија солзавец. Со одлука од надлежниот суд , на нив им одрден притвор од 48 часа.
Косовската полиција претходно ги уапси членовите на "Самоопределување", Исмаил Куртеши за непочитување на куќниот притвор и неговото учество на опозициските протести во саботата во Гњилане. Во исто време, во согласност со надлежниот суд, по напуштањето на Собранието на Косово вчера беше запрен и претставник на Алијансата за иднината на Косово, Пал Лекај, кој беше однесен во полициската станица.
Во едномесечен куќен притвор е пратеникот Хаџи Шаља од иницијатива за Косово, Доника Kадај-Бујупи, шеф на парламентарната група на Алијансата за иднината на Косово.
Собранието на Косово кое работеше без опозиција суспендиранo поради фрлање солзавец, ја прекина својата работа синоќа околу полноќ поради немање кворум. Седницата ќе продолжи в четврток 17 декември по годишното излагање на претседателката на Косово, Атифете Јахјага.