Cüneyt Karadağ
12 Февруари 2019•Ажурирај: 13 Февруари 2019
БЕРЛИН (АА) - Германските власти ги забранија активностите на издавачката куќа „Месопотамија “ и компанијата „МИР Мултимедиа“, поврзани со терористичката огранизација ПКК, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за внатрешни работи, Хорст Шефер, ја потврди информацијата за забрана на активностите на издавачката куќа и компанијата.
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи се наведува дека забраната е донесена во согласност со законите, а во утринските часови се извршени претреси на неколку локации во Северна Рајна Вестфалија и Долна Саксонија, а запленет е и одреден материјал.
Шефер изјави дека ПКК е активна во Германија, и покрај тоа што се наоѓа на листата на забранети организации.
Во соопштението се наведува и дека трговските активности на двете компании биле во корист на ПКК.
ПКК од 1993 година се наоѓа на листата на терористички организации, а во Германија има околу 14.500 поддржувачи.