Emre Aytekin
12 Февруари 2019•Ажурирај: 13 Февруари 2019
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Во пожарот што избувна во еден хотел во индискиот главен град Њу Делхи, според првичните податоци животот го загубија 17 лица, а 4 се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-началникот на полицијата на Њу Делхи, Мандип Синг Рандхава, информираше дека во приземјето на петкатниот хотел „Арпит палас“ избувнал пожар во кој животот го загубиле најмалку 17 лица, а 4 се повредени.
Рандхава соопшти дека од засега непознати причини, во доцните вечерни часови во хотелот избувнал пожар, и дека противпожарните екипи успеале од него да извлечат повеќе од 30 лица.
Рандхава истакна дека пожарот е ставен под контрола.