Ayhan Şimşek
07 март 2016•Ажурирај: 07 март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Турција е подготвена да работи заедно со Европската унија, Турција е подготвена да биде членка на ЕУ, порача денес во Брисел турскиот премиер Ахмет Давутоглу, јавува Anadolu Agency (AA).
„Верувам дека сите несогласувања можеме да ги надминеме по пат на соработка”, рече Давутоглу во изјава за новинарите во пресрет на Самитот ЕУ-Турција за бегалската криза.
Премиерот на Турција, потсетувајќи дека ова е втор самит на ЕУ и Турција за само неколку месеци, рече дека самиот денешен Самит е знак дека ЕУ не се откажува од Турција, а истовремено е и показател дека Турција не се откажува од Европската унија.
„Се соочуваме со неколку несогласувања и можеме да ги надминеме само со заеднички напори. Мораме да ја гледаме комплетната слика, бидејќи не станува збор само за неуредна миграција. На масата е иднината на Европската унија и затоа мораме меѓусебно да се поддржуваме”, додаде премиерот на Турција.
Потсетувајќи дека синоќа одржа состанок со германската канцеларка Ангела Меркел и холандскиот премиер Марк Руте, Давутоглу рече дека заедно со „европските лидери работат рамо до рамо во решавањето на бројните прашања”.