????? ????????
30 октомври 2015•Ажурирај: 04 ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) – Делегација на ЕУ во Македонија, Министерството за локална самоуправа и Екорис Холандија БВ, организираа денеска завршен настан од проектот финансиран од ЕУ Градење на ефективни и демократски локални власти на кој се претставени резултатите од проектот, јавува Anadolu Agency (AA).
Се работи за проект кој има за цел да ја унапреди работата на општините, да ги унапреди вештините и способностите на јавната општинска администрација и да воспостави квалитетен однос помеѓу општините и нивните граѓани.
На настанот е прочитано писменото известување на министерот на локална самоуправа, Лирим Шабани во кое тој изрази благодарност до сите учесници во проектот кој траеше 18 месеци, во рамките на кој се патуваше низ општините во Македонија.
Во фокусот беа општините,за да се реализираат нивните главни приоритети.
“Патувавме 18 месеци низ општините, се дискутираше и се работеше на унапредување на капацитетите на општините”, се наведува во соопштеието на министерот за локална самоуправа.
Алан Пакер, лидерот на овој проект кажа дека се спроведувани активности во рамките на кои се работеше на програмата за децентрализација која е прифатена од владата.
Во рамките на проектот се реализирани бројни активности. Во компонентата 1: Мониторинг и евалуација: “Квалитет на животот“ , каде се направени подготовките за првичниот предлог-проект, потоа, дискусии а предлогот со сите засегнати страни на национално и локлано ниво, направени се извештаи за спроведување на обуки за општинскиот персонал, додека во компонентата 2, од овој проект е извшена внатрешна ревизија на општините, подготвени и испорачани упаства и постапки за внатрешна ревизија а развие е и конкретен е-моул кои се однесува за внатрешна ревизија.
Дизајнирани се и одржани обуки и дебати помеѓу парнер-општините, помеѓу општинските службеници и претставници на грѓанскиот и бизнис секторот.