Nour Mahd Ali Abu Aisha,Zeynep Tüfekçi
07 Април 2018•Ажурирај: 08 Април 2018
ГАЗА (АА) - Во нападот на израелските војници врз демонстрантите, кои на границата на Појасот Газа и Израел одржаа мирни протести под името „Голем марш за враќање", во петокот загина еден палестински новинар, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на Министерството за здравство на Палестина Ешреф Ал Kудра потврди дека 30-годишниот новинар Јасир Мутеџа им подлегнал на повредите со кои се здобил во текот на следење на демонстрациите.
Очевидците велат дека репортерот носел елек на кој пишувало „Прес" (Press). Беше наведено дека Муртеџа работел за „Aid Medya" и дека работел на многу документарци преку кои е покажана состојбата во Газа.
За време на демонстрациите, што се случија вчера, десет лица загинаа, а повеќе од 400 беа ранети. Меѓу нив има и 33 во тешка здравствена состојба.
Бројот на загинати Палестинци од минатиот петок кога почнаа демонстрациите, се зголеми на 31. Илјадници Палестинци на границата на Газа од петок мирно протестираат и го одбележуваат Денот на земјата за да се потсетат на 30 март, 1976 година, кога Израел од нив одзеде илјадници хектари земјиште.
Овој настан кој се одбележува како „Ден на земјата“, стана симбол на отпорот што Палестинците го покажуваат по прашањето за земјата, која е извор на судири меѓу Израел и Палестина.