Furkan Naci Top
01 Декември 2016•Ажурирано: 01 Декември 2016
АТИНА (AA) – Најмалку едно лице загина, а седум се ранети во експлозија која се случи во едно кафуле во Атина, јавува Anadolu Agency (AA).
Експлозијата се случи утрово во кафуле кое се наоѓа во близина на метро станицата кај Плоштад Викторија. Една 40-годишна жена загина, а најмалку седум лица се ранети. Тие се префрлени во болница.
На местото на експлозијата стигнаа бројни екипи на полиција, итна медицинска помош и други надлежни служби. Во тек е истрага за деталите за случајот, а се претпоставува дека до експлозијата дојде поради оштетување на гасоводните цевки во приземјето на објектот на кафулето.