Ekipa
11 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
ЊУЈОРК (АА) - На автобускиот терминал на Менхетен, Њујорк, утрово одека силна експлозија, а според првичните информации станува збор за бомба што ја носел маж на себе, пренесува Anadolu Agency (AA).
Експлозијата се случилa во 7.30 часот по локално време на терминалот „Port Authority“ во близина на познатиот плоштад во Њујорк „Times Square“ (Тајмс Сквер).
Како што јавуваат американските медиуми, машкото лице кое на себе ја носело направата е повредено во експлозијата, којашто наводно се случила предвреме, и е приведено.
Во инцидентот е повредено уште едно лице, кое е надвор од животна опасност.
Поради инцидентот, возовите што сообраќаа под автобускиот терминал доцнеа, а поради претпазливост евакуирани се голем број патници.
На местото на настанот излегоа голем број противпожарни и полициски тимови.