Etem Geylan
15 Декември 2017•Ажурирај: 16 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (AA) - Претседателот на Република Турција во обраќањето на доделвуањето на наградата „Неџип Фазли" во Истанбул изјави дека турските власти веќе 15 години градат земја која ќе биде извор на надеж за многу луѓе, посебно угнетени и напатени, јавува Anadolu Agency (AA).
„Веќе 15 години градиме голема Турција, силна Турција, земја која ќе биде извор на надеж и доверба за сите нејзини пријатели, сограѓани, браќа по вера, угнетени и напатени", рече Ердоган.
Потсети и на последните случувања во врска со Кудс, напоменувајќи дека е потребно да се упати поддршка на Палестинците.
„Ако го загубиме Кудс, не можеме да ја одбраниме ни Медина. Ако ја загубиме Медина тогаш не можеме да ја одбраниме ни Мека, а ни Ќаба", рече Ердоган. Додаде дека со признавањето на Кудс како главен град на Израел следуваше нов напад на муслиманите.
„Сега преку Кудс почна нов напад на целиот Блиски Исток и на сите муслимани", рече Ердоган, додавајќи дека одговорот на тоа следуваше во среда кога во Истанбул е одржан вонреден самит на Организацијата на Исламска Соработка (ОИС) на кој се разговараше за прашањето на Кудс.
„Не заборавајте дека Кудс значи и Истанбул и Исламабад, и Џакарта, и Медина, Каиро, Дамаск и Багдад. Ќаба за сите муслимани претставува чест, гордост, достоинство и цел на постоење. Ние не можеме да се откажеме ниту од еден од нив. Што и да биде потребно за да застанеме во заштита на наредбата од Господ и аманетот, тоа и ќе го направиме", рече турскиот претседател.
На церемонијата на доделување на наградите, доделени се награди во неколку категории. Инаку, ова е четврто по ред доделување на наградата „Неџип Фазли", во организација на весникот „Стар". Наградата „Неџип Фазли" се доделува на лица кои дале важен придонес во областа на книжевноста и уметноста.