Enes Kaplan
04 Октомври 2017•Ажурирај: 04 Октомври 2017
ТЕХЕРАН (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, пристигна денес во посета на Иран, а во главниот град Техеран со највисоки почести го пречека иранскиот претседател Хасан Рухани, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во придружба на коњица пристигна во палатата Садабад, каде што беше пречекан од страна на Рухани.
Уследи интонирање на химните на Турција и на Иран, по што Ердоган и Рухани се ракуваа пред фотографите и снимателите.
Во придружба на Ердоган, во Техеран се началникот на Генералштабот на Турција, Хулуси Акар, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, министерот за економија, Нихат Зејбекџи, министерот за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак, министерот за трговија и царина Булент Туфенкџи, министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, министерот за одбрана, Нуретин Чаник, и шефот на разузнавачката служба Хакан Фидан.
На церемонијата за пречек присуствуваше амбасадорот на Турција во Техеран Хакан Риза Текин.
По церемонијата следеше одвоен состанок на Ердоган и Рухани, а во текот на денот планиран е и состанок на Советот за соработка на високо ниво меѓу Турција и Иран, со којшто ќе претседаваат лидерите на двете земји, како и заедничка прес-конференција.