İlhan Toprak
14 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, му упати честитка на рускиот претседател, Владимит Путин, по повод 12-ти јуни, националниот празник Ден на Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дозанава дописнокот на АА од извори блиски на Кабинетот на турскиот претседател, Ердоган му го честитал на Путин Денот на Русија со желба односите меѓу Турција и Русија во наредниот предиод да го достигнат нивото кое го заслужуваат.
„По повод националниот празник на Руската федерација, вам лично и на целиот руски народ ви испраќам честитка во име на целиот народ на Република Турција. Желба ни е односите меѓу Турција и Русија во иднина да бидат на ниво кое го заслужуваат”, пишува во пораката на Ердоган упатена до рускиот претседател Владимир Путин.
Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, исто така, упати честитка по повод Денот на Русија до премиерот на Русија, Димитриј Медведев.