Emin Avundukluoğlu
14 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Амбасадорот на Европската унија во Турција, Хансјорг Хабер, поднесе оставка но ќе продолжи да ја извршува својата должност на европски преставник до 1-ви август, до перидот кога му истекува мандатот, изјави портпаролката на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Маја Кочијаниќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Кочијаниќ додаде дека ќе се преземат неопходни чекори со цел да се назначи новиот шеф на Делегацијата на Европската унија во Анкара.
Портпаролката не ја прецизираше причината за оставката на Хабер.
Хабер, германскиот дипломат, беше на чело на делегацијата на ЕУ уште од октомври минатата година.
Минатиот месец, Хабер за новинарите изјави дека напорите на турската влада во процесот на пристап кон Европска унија се сосема спротивни од германската поговорка: „Започни како Турчин, заврши како Германец”, при што значи да се започне нешто со ентузијазам и продолжи го со одлучност и дисциплина.
По контроверзните изјави, Хабер е повикан на разговори во турското министерство за надворешни работи.