Selma Kasap,Tanju Özkaya
14 Јуни 2016•Ажурирај: 14 Јуни 2016
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во понеделник изјави дека Турција во наредниот период ќе ја продолжи решителната борба против терористичките организации, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ќе ја продолжиме решителната борба против терористичките организации во рамките на земјата и надвор од неа. Државата на терористите сигурно ќе им ја покаже челичната тупаница, а сочуството кон напатените народи од регионот. Додатно ќе зајакнеме така што ќе ги преземеме сите потребни мерки и ќе воспоставиме мирно и сигурно окружување", рече Ердоган.
Истакна дека и Анкара никогаш нема да дозволи територијално уредување на северот на Сирија кое би претставувало закана за Турција.
„Користејќи ги сите свои политички, дипломатски и воени можности кои и стојат на располагање, Турција до самиот крај ќе се противи на уредувањето на северот на Сирија, кое би претставувало закана за нашата иднина. Турција никогаш нема да дозволи територијално уредување на северот на Сирија", рече Ердоган.
На крајот нагласи дека Турција во односите со Европската унија (ЕУ) ќе го штити достојанствениот став и националните интереси.
„Односите со Европската унија, а тоа посебно сакам да го нагласам, ќе ги одржуваме се додека тоа оди, штитејќи го достојанствениот став и националните интереси. Нашиот национален став никогаш не смее да биде загрозен. Турција не е обична земја, не сме обичен народ. Не може туку така да ни кажат: 'Чекајте до 3000 година'. Никој нека не ја тестира нашата толеранција", порача Ердоган.