İlkay Guder
17 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во врска со терористичкиот напад во Кајсери изјави дека терористичките акции ги имаат за цел 79 милиони граѓани, заедно со едниците на војската и полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Терористичките акции ги имаат за цел 79 милиони граѓани, заедно со единиците на војската и полицијата. Турција се наоѓа пред заеднички напади на терористичките организации. Особено на сепаратистичката организација, која ги користи сите можни средства. Начинот на акции и нивните цели јасно покажуваат дека сепаратистичката терористичка организација всушност има за цел да го прекине напредокот на Турција, да нѐ препнат, да го пренасочат тежиштето на силата и енергијата во друга насока”, рече претседателот Ердоган.
Тој истакна дека Турција против терористичките организации ќе се бори решително.
„Знаеме дека не се независни овие напади на кои сме изложени, развојот на ситуацијата во регионот, особено во Сирија и Ирак, дури и бранувањето на нашата економија. Против овие терористички организациии сите заедно одлучно ќе се бориме со кампања на единство во која владее националниот дух.”