Muhammed Boztepe
27 Јануари 2018•Ажурирај: 28 Јануари 2018
KОЧАЕЛИ (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави денес во Кочаели дека турската армија се движи кон Африн, и дека својот пат, со Божја помош, ќе го продолжи и кон Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган го посети турскиот град Кочаели, каде што се одржа Kонгрес на Асоцијацијата на младите на Партијата на правдата и развојот. За време на своето обраќање на конгресот, Ердоган се осврна на актуелните настани.
Ердоган, исто така, говореше за операцијата „Маслинова гранка", велејќи дека турската војска ќе го продолжи своето пат и кон Идлиб.
„Нашиот Господар ни порачува: „Не велете за оние што загинаа Божјиот пат: „Мртви се!" Не, тие се живи, но вие не го знаете тоа". Имајки го тоа во предвид, мојот Мехметџик (турската војска), се движи кон Африн, и со Божја помош, ќе продолжи да се движи и кон Идлиб", порача Ердоган.
Тој рече дека Турција никогаш нема да се откаже од своите морални принципи кога станува збор за настаните во Сирија.
„Човечката свест исчезна наспроти милиони убиени жители на Сирија, вклучувајќи ги и жените и децата. Дали треба да се откажеме од нашиот морал? Никогаш не паднавме и нема да паднеме во една таква грешка. За Американците, Европејците, Кинезите или некои други земји, подрачјата на Сирија, Ирак и Северна Африка и политиката која се следи на овие простори, можат да се гледаат како еден тактички алат кој го сметаат за соодветен за своите секојдневни интереси, но овие подрачја за нас ништо не се разликуваат од Црноморскиот регион, Егејскиот регион, Средоземниот регион, централна Анадолија и другите наши региони", рече Ердоган.