Esin Işık
27 Јануари 2018•Ажурирај: 28 Јануари 2018
АНКАРА (AA) - Во текот на операцијата „Маслинова гранка" која на денешен ден минатата седмица е покрената со цел неутрализација на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ во сирискиот Африн, до сега се неутрализирани 447 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Генералштабот на Турција е наведено дека операцијата Маслинова гранка во Африн, се одвива според рредвидениот план и дека во текот на сабота се неутрализирани 53 члена на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ.
Во воздушните напади Турските вооружени сили уништија 42 положби кои членовите на ПКК/КЏК/ПЈД-ЈПГ и ДЕАШ ги користеа како засолништа и складишта а оружје и муниција. Сите 22 авиони безбедно се вратија во базите.
Во судирите со терористите загинаа двајца припадници на турските Вооружени сили, а 11 се ранети.
Операцијата, во која учествуваат и припадници на Ослободителната сириска војска, покрената е минатата сабота со цел воспоставување на безбедност во пограничниот појас, неутрализација на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територија под окупација на терористите и пружање поддршка на народот во тоа подрачје.