Ata Ufuk Şeker
28 Јули 2016•Ажурирај: 29 Јули 2016
БРИСЕЛ (АА) - Високиот комесар на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини и комесарот на ЕУ задолжен за хуманитарни прашања, Кристос Стилианидас зборувајќи за тешката хуманитарна ситуација во сирискиот град Алепо, порачаа дека е потребно веднаш да се укине состојбата на опсада и да се обезбеди хуманитарна помош, јавува Anadolu Agency (AA).
Во заедничката изјава наведено е дека е потребно да се спречи нарушувањето на меѓународното право од страна на сирискиот претседател Башар ал Асад, и да се укине состојбата на опсада во Алепо.
Според нивните зборови, со затворањето на последниот главен пат преку кој во Алепо доаѓаше хуманитарна помош, спречен е протокот на помош која одржуваше во живот 300.000 лица.
Нагласено е дека од 7 јули хуманитарната помош и хуманитарците немаат дозвола за влез во Алепо.
Европската Унија поради драматично лошата хуманитарна ситуација во источен Алепо повикува веднаш да се спречи војната на ова подрачје, да се евакуираат ранетите и да се достават лекови, храна и вода.
Истакнаа дека доколку храната не стигне итно на ова подрачје, во наредните недели во Алепо би можела да се случи најголемата човечка трагедија.
„Ваквата состојба е неприфатлива. Потребно е итно да се укине состојбата на опсада во Сирија и да се обезбедни проток на хуманитарна помош во земјата”, порачаа од ЕУ.
Тие истакнаа дека за оставањето на цивилите гладни во состојба на опсада, најодговорни се режимските сили, а тоа претставува нарушување на меѓународното право.