ИДОМЕНИ (АА) – Во бегалскиот камп во Идомени, Грција, во близина на грчко-македонската граница, последниов месец во пораст е бројот на бегалците. Владата на Грција на различни места во државата изгради нови кампови а бегалците прифатија да бидат трансферирани во нив, каде ќе им бидат обезбедени подобри услови за живот, јавува Anadolu Agency (AA).
Претставничката на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР) во Идомени, Елоди Ламел, за дописнокот на АА изјави дека последните месец дена Владата на Грција на различни места во државата изгради нови кампови и забележано е значително зголемување на бројот на бегалци кои прифаќаат да бидат трансферирани во нив, каде ќе им бидат обезбедени подобри услови за живот.

Откако состојбата на бегалците во кампот во Идомени стана загрижувачка, УНХЦР и Владата на Грција се во постојана соработка за да се обезбедат подобри услови за живот на бегалците, истакна Ламал. Зголемена е бројката на членови на екипите кои се задолжени за давање услуги во кампот и нивна задача е посета на секој шатор пооделно и давање детални информации околу можноста за трансфер.
„Има зголемување на бројот на бегалци кои го прифаќаат трансферот од кампот од Идомени во останатите кампови. Луѓето во Идомени разбраа дека ова е привремено решение. Размислувајќи за себе и своето семејство, бегалците прифааќаат да бидат трансферирани во новите кампови со подобри услови“, наведе Ламал и додаде дека се зголемува бројот на бегалци кои се сместуваат во новите кампови и оние кои се вклучуваат во програмата за поднесување барања за азил во Грција и земјите од Европската унија (ЕУ).
„Транферот од кампот во Идомени во останатите кампови започна на 25-ти март. Од тој датум до вчера, информирајќи ги за нивните права, префрлени се околу 2.000 бегалци со помош на УНХЦР“, соопшти Ламал. Според официјалните податоци, во кампот во Идомени има околу 10.500 бегалци, рече Ламал.
Во меѓувреме, од 25-ти март, УНХЦР и Владата на Грција постигнаа официјален договор со кој бегалците добија право на азил и сместување во Грција и во земјите на Европската унија.
news_share_descriptionsubscription_contact
