?????
18 Јануари 2016•Ажурирај: 19 Јануари 2016
АТИНА (АА) - Поради растот на незадоволството од реформите на пензиското осигурување, грчкиот синдикат и граѓанското општество закажаа нов голем штрајк на работниците од приватниот сектор во Грција, кој ќе се одржи на 4-ти февруари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Синдикатот АДЕДИ соопшти дека неговите членови ќе учествуваат на штрајкот на 4-ти февруари.
Синдикалните претставници, лекарите и инженерите не се задоволни од предлог-реформите на кои значително би им се намалила социјалната помош.
Меѓународните кредитори бараат од Грција нови кратења кои би ги намалиле трошоците во секторот за пензиско осигурување.
И земјоделците изразија незадоволство од реформите, велејќи дека ќе ги блокираат клучните патишта со трактори.