Satuk Buğra Kutlugün
08 Декември 2017•Ажурирај: 08 Декември 2017
КУДС (АА) - Палестинците по извршувањето на џума-намаз во џамијата Ал-Акса, одржаа протест против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, за признавање Кудс како главен град на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинците извикувајќи пароли против претседателот на САД Доналд Трамп и Израел, маршираа низ улиците на Стариот Град, каде настана судир меѓу Палестинците и израелската полиција.
Израелската полиција затвори повеќе улици во Кудс.
Според соопштението на Црвената полумесечина на Палестина, израелската полиција повреди еден Палестинец во Портата Дамаск во Стариот Град.
Демонстрантите кои извикуваат пароли како „Ал-Кудс е на Арапите“, „Трамп е кукавица“, како и „Умет чиј командант е Мухамед, не се поклонува“, продолжуваат да протестираат во близина на Портата Дамаск во Стариот Град.
- Западен Брег: Израелската војска интервенираше врз демонстрациите -
Во различни градови во Западен Брег се одржаа протести против одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, за признавање на Ерусалим како главен град на Израел, каде израелските војници интервенираа врз демонстрациите одржави во Ел-Халил, Наблус и Калкилије, јавува Anadolu Agency (AA).
Денес по џума-намаз (петочна молитва) се одржаа маршови во градовите Рамала, Наблус, Тулкерм, Калкилије, Витлеем, Селфит и Ел-Халил во Западен Брег.
Демонстрантите го осудија и извикаа пароли против одлуката на САД околу Кудс, како и носеа палестински знамиња и фотографии од џамијата Ал-Акса.
Израелските војници интервенираа со солзавец, како и вистински и пластични куршуми врз палестинските демонстранти во различни подрачја во градот Ел-Халил, каде голем број Палестинци се погодени од солзавец.
Мурад Иштиви, активист на Комитетот на национален отпор, истакна дека четворица Палестинци, од кои еден новинар, се повредени со пластични куршуми во демонстрациите во населбат Кефер Кадум во близина на Калкилије.

Според соопштеното, голем број израелски војници се позиционирани во овој регион.