Faruk Zorlu
26 Декември 2018•Ажурирај: 26 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Израелски воени авиони прелетувајќи над јужниот дел на Либан, доцна синоќа истрелаа проектили кон цели близу сирискиот главен град, Дамаск, соопштија сириските државни медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според прорежимската новинска агенција САНА, најголем дел од проектилите се соборени пред да ги погодат своите цели, но било уништено едно складиште за оружје и тројца војници биле ранети.
Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија соопшти дека израелските воздушни напади целеле три позиции јужно од Дамаск, односно складишта за оружје на групата Хезболах во Либан и иранските сили.
Израелските воздухопловни сили преку соопштение истакнаа дека израелскиот воздушен одбранбен систем соборил противавионски проектил истрелан од Сирија.
Овој израелски напад, доколку биде потврден, ќе биде првиот напад од објавувањето на американскиот претседател, Доналд Трамп, минатата недела дека САД ќе ги повлечат своите сили од Сирија.