Handan Kazancı
03 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Полицијата во Истанбул приведе уште двајца осомничени во врска со новогодишниот напад врз ноќниот клуб во Истанбул, во кој загинаа 39 лица, со што вкупниот број на приведени се искачи на 16 лица, соопшти претставник безбедните служби, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскитe тимови за борба против тероризмот ги пресретнаа двајцата странски државјани на пунктот за контрола на влезот за меѓународни поаѓања на истанбулскиот аеродром Ататурк.
Мобилните телефони и багажот на осомничените беа детално прегледани, а подоцна осомничените се префрлени во седиштето на истанбулската полиција.
Вчера, осум лица беа приведени од страна на антитерористичкиот оддел на полицијата во Истанбул, заедно со уште шестмина приведени осомничени претходно, во текот на денешниот ден.
Овие осомничени во моментов се на сведочење, изјави официјално лице, под услов за анонимност.
Властите ги објавија фотографиите од наводниот напаѓач од безбедносните камери, кој пред влезот на клубот застрела полицаец и цивил на европскиот брег на Босфорот, пред да влезе и да отвори оган врз присутните гости.