İnci Gündağ
25 Мај 2017•Ажурирај: 25 Мај 2017
ЛОНДОН (АА) - Британските припадници на безбедносните сили приведоа уште две лица за кои постои сомнение дека се поврзани со терористичкиот напад во Манчестер извршен во понеделникот, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во Манчестер соопшти дека во рамките на истрагата покрената по нападот во „Манчестер арената“ во Блекли, приведена е една жена, а во Нунетон едно машко лице.
Во соопштението е истакнато дека во тек се истрагата и операциите ширум земјата, дека се одвиваат побрзи и ефикасни претреси на голем број адреси, и дека досега се приведени вкупно седум лица.
Локалната полиција вчера во јужниот дел на Манчестер приведе три лица, а во вторникот во јужниот дел на Манчестер приведен е 23-годишен маж.
Британските медиуми тврдат дека 23-годишниот осомничен е постар брат на напаѓачот, Исмаил Абеди.
Во терористичкиот напад извршен на 22 мај пред крајот на концертот на поп ѕвездата Аријана Гранде загинаа 22 лица, а 59 се ранети. Полицијата соопшти дека во експлозијата настрадал и напаѓачот Салман Абеди.