Mahmut Geldi
25 Мај 2017•Ажурирај: 26 Мај 2017
САНА (АА) - Бројот на лицата починати од последиците од колера во Јемен е зголемен на 398, се вели во соопштението од Светската здравствена организација (СЗО), јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на СЗО во Јемен во објава на „Твитер“ соопшти дека од 27 април досега се откриени вкупно 38.300 случаи на колера во 19 области во Јемен, додека бројот на загинатите од оваа епидемија достигна до 398.
Во ова соопштение е нагласено дека две третини од населението во Јемен нема пристап до чиста вода за пиење, па затоа епидемијата продолжува брзо да се шири.
Исто така, во соопштението на Меѓународниот комитет на Црвениот крст објавено во понеделникот, беше наведено дека бројот на починатите од колера во Јемен е зголемен на 350.
Организацијата Лекари без граници, пак, предупреди дека во случај да не се преземат мерки, епидемијата од колера може да излезе од контрола.
Три милиони лица во Јемен, раселени поради конфликтите кои траат веќе 2 години, како резултат на немањето пристап до чиста вода, како и несобирањето на отпадот, секој ден се соочуваат со ризикот да заболат од колера.