Ivana Ramadanova
05 јануари 2016•Ажурирај: 07 јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“ денеска пред ТЦ „Бисер“ оддржа кампања за заштита од пожари по повод палењето бадникови огнови, јавува Anadolu Agency (AA).
Целта на кампањата е да се едуцираат граѓаните како да постапат со огнот, кој, според христијанското учење, претставува традиционален начин на прослава на овој верски празник, а воедно претставува и потенцијална опасност за настанување пожари.
Организаторите порачаа дека за време на прославата на бадниковиот оган треба да се внимава на следните превентивни мерки:
"Огнот да се пали на безбедна локација, во близина на огнот на одалеченост од 20 метри да нема паркирано автомобил и запаливи материи, да се внимава на децата да не се приближуваат до огнот, во огнот да не се фрлаат пиротехнички и запаливи материи, по завршувањето на прославата да се изгасне огнот", вели Петар Плотников.
Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“ на 13-ти јануари 2015 година ќе одржи кампања со иста форма на едукација во пресрет на прославата на православната нова година, која традиционално се одржува во населбата Мичурин.