Ekipa
18 Декември 2016•Ажурирај: 18 Декември 2016
РИЈАД (АА) - Со средбата со саудискиот крал Салман Бин Абдулазиз, американскиот државен секретар Џон Кери ја започна официјалната посета на Ријад, што е веројатно неговата последна посета како шеф на американската дипломатија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Саудиската државна новинска агенција СПА јави дека двајцата претставници разговарале за регионалните прашања. Пред посетата, американскиот Стејт департмент соопшти дека Кери за време на посетата на Саудиска Арабија ќе разговара за војната во Јемен и застојот во мировните преговори за ставање крај на судирите.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна, кога бунтовниците, предводени од шиитското движење на Хусите, го зазедоа главниот јеменски град Сана, а потоа и други подрачја.
Соседна Саудиска Арабија оформи коалиција на земји, кои во март минатата година започнаа воздушни напади врз позициите на движењето на Хусите.