Adem Şalvarcıoğlu
08 Февруари 2016•Ажурирај: 09 Февруари 2016
ЏАКАРТА (АА) - Кинезите синоќа ја дочекаа Новата Година, а во првото утро во годината на мајмуните, илјадницте Кинези кои живеат во Индонезија традиционално го посетија храмот Вихара Дарма Бхакти во Џакарта, јавува Anadolu Agency (AA).
Дочекот на Новогодишната ноќ во кинескиот календар е еден од најголемите празници на Далечниот Исток, а бројните традиционални манифестации и обичаи се врзани за празникот и во Индонезија, каде што живеат над 10 милиони Кинези.
Кинезите ширум светот синоќа ја испратија годината на овцата и влегоа во годината на мајмунот, а утрово палеа свеќи, и со молитви и традиционално пуштање на птици од кафезите симболично се молеа за среќата и просперитет во деновите што доаѓаат.
„Во новата година влегуваме со молитви за сите луѓе да живеат во мир и спокојство. Нашите молитви се токму во овој контекст. Пуштивме птици надвор од кафезот и се надеваме дека нашите желби ќе бидат остварени”, рече Јени Сефиа.
Индонезија има околу 250 милиони жители, а четири отсто од населението се Кинези.