Diyar Güldoğan
16 Јануари 2017•Ажурирај: 17 Јануари 2017
МОСКВА (АА) - САД не се повикани на преговорите за Сирија што ќе се одржат во Астана, главниот град на Казахстан, изјави денес портпаролот на Кремлин, Дмитри Песков, јавува Anadolu Agency (AA).
„Подготовките за преговорите во Астана се во тек. Ова е тежок процес“, изјави Песков пред новинарите.
Пeсков потсети дека преговорите во Астана не се алтернатива за другите формати, вклучувајќи го процесот во Женева, туку дека се дополнителни.
Во врска со прашањето дали администрцијата на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, е повикана на преговорите, Пешков одговори: „Не“.
Преговорите за постигнување политичко решение за шестгодишниот конфликт во Сирија, меѓу сириската влада и опозициските преговарачи, треба да започнат на 23 јануари во Астана.
По договорот за прекин на огнот во Сирија, постигнат минатиот месец меѓу Турција и Русија, состанокот во Астана е дел од тековните напори на двете земји да постигнат политичко решение во Сирија, земјата разорена од војна.
Песков исто така ги негираше наводите дека претседателите Владимир Путин и Трамп ќе пристигнат заедно во Рејкјавик, главниот град на Ирска.