Satuk Buğra Kutlugün
27 Декември 2016•Ажурирај: 28 Декември 2016
АНКАРА (АА) - Турскиот вицепремиер денес изјави дека видеото на ДЕАШ во кое наводно се прикажуваат турски војници во Сирија е фабрикувано, и ги критикуваше оние што го објавиле видеото на социјалните мрежи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Некои од нашите пријатели треба да внимаваат на своите постапки“, изјави Куртулмуш за новинарите. „Социјалните медиуми не се платформа за неодговорно емитување. Турција е во војна со ДЕАШ“.
„Обидот да го деморализираат турскиот народ со ширење пропаганда преку споделување фабрикувана снимка не е патриотски“, додаде тој.
Куртулмуш изјави дека сѐ уште нема потврдена информација во врска со видеото од страна на турскиот Генералштаб или од Министерството за одбрана.
„Ако имавме потврдени информации, ќе ги споделевме со јавноста. Овие терористички групи се најнеморален механизам, тие се обидуваат да ги угнетат умовите на народот со страв“, додаде вицепремиерот Куртулмуш.
Минатата недела терористичката група ДЕАШ објави видео во кое наводно се прикажани двајца заробени турски војници, запалени живи.