Yusuf Hatip
02 Август 2016•Ажурирај: 02 Август 2016
ИСЛАМАБАД (АА) - Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу беше примен од страна на претседателот на Пакистан, Мемнун Хусеин, јавува Anadolu Agency (AA).
Заради официјални разговори, Чавушоглу го посети Исламабад, главниот град на Пакистан. Тој имаше средба со претседателот Хусеин во претседателската резиденција.
Според информациите од дипломатски извори, претседателот Хусеин изјавил дека го цени ставот на турскиот народ против обидот за државен удар на ФЕТО, од 15 јули.
Хусеин нагласил дека од ставот на турскиот народ биле изненадени повеќе држави. Тој дополнил дека им било навистина мило поради таквиот став на турскиот народ.
Чавушоглу на средбата истакна дека народот на Пакистан и на Турција се братски народи. Тој изрази задоволство за поддршката на Пакистан за Владата и народот на Турција.
На средбата се зборувало и во врска со регионалните и билатералните односи.
- Чавушоглу присуствувал и на активностите на турската авиокомпанија ТХЈ (Туркиш ерлајнс) и на ТИКА (Турска интернационална агенција за соработка и развој) -
Министерот Чавушоглу присуствуваше на некои активности на ТИКА. Тие активности беа одржани во турската амбасада во Исламабад. Беа промовирани некои проекти на ТИКА што ќе се реализираат во Пакистан.
На промоцијата беа присутни турскиот амбасадор во Исламабад, Садик Бабур Гиргин, координаторот на ТИКА во Исламабад, Гирај Тезел, и некои службени лица од Пакистан.
Меѓу проектите се: донација од ТИКА на едно возило за брза помош и други возила, донација на компјутери и паметни табли за Босанското меѓународно училиште во Пакистан. Освен тоа, Чавушоглу беше информиран во врска со одделенијата за интензивна нега за новородени деца во 26 болници.
Меѓу останатите работи, Чавушоглу беше информиран и за 10-месечната обука за обработка на дијаманти што ја посетувале 24 пакистански ученици. Тој на учениците им додели сертификати.
Потоа Чавушоглу присуствуваше на свеченото отворање на канцеларијата на турската авиокомпанија ТХЈ во Исламабад. На крајот, министерот беше на промоцијата за системот за апликација за виза, која ја организираше турската амбасада во Исламабад.