Recep Şakar
09 Ноември 2018•Ажурирај: 09 Ноември 2018
МЕЛБУРН (АА) - Напаѓачот во австралискиот град Мелбурн првин го запали своето возило на една од главните улици, па со нож ги нападна луѓето во близина, а потоа беше ранет и фатен од страна на полицијата. Во случајот животот го загуби едно лице, додека тројца се повредени, меѓу кои и напаѓачот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во Викторија соопшти дека едно машко лице поради сѐ уште непознати причини го запалило своето возило на една главна улица, а потоа со нож ги нападнало луѓето и полицајците во околината.
Во случајот смртно настрада едно лице, додека двајца се повредени.
Во снимките објавени на медиумите се забележува како овој напаѓач првин со нож ги напаѓа полицајците, а потоа е ранет и неутрализиран од страна на полицијата.
Пожарот во возилото е изгаснат од страна на противпожарните служби.
Напаѓачот е тешко повреден и пренесен во болница. Не се дадени детали за причината за палење на возилото и извршениот напад со нож.
Сѐ уште не се знае дали нападот е поврзан со тероризам.