Mehmet Hatipoğlu,Cuneyt Davut
13 Април 2016•Ажурирано: 14 Април 2016
ИДОМЕНИ (АА) - Групата од околу 40 бегалци, меѓу кои имало и деца, доаѓајќи на местата од границата, каде била позиционирана македонската војска пред оградата, фрлалe камења и дрва кон македонскаста полиција, јавува Anadolu Agency (AA).
Бегалците повремено се оддалечуваат од оградата поради користењето на солзавец од страна на македонскаста полиција, но продолжија со намерата да ја урнат оградата. На местото кое беше оддалечено од позицијата на македонската полиција, со помошни средства успеале да скинат мал дел од жицата и да ја отворат оградата, уривајќи го фиксираниот столб.
По уривањето на оградата и столбот, се создаде простор од околу 3 метри, низ кој минуваа бегалците. Тие, со реакција од страна на грчката полиција беа оддалечени од местото на кое се наоѓаа. Околу два часа од настанот, бегалците изјавија дека во наредните денови ќе предизвикуваат уште пожестоки протести.
Од дописникот на АА во Атина се дознава дека кај градот Идомени, кој се наоѓа на македонско-грчката граница, се случи уште еден случај на напнатост меѓу македонската полиција и бегалците кога се обиделе да ја отстранат оградата и да ја минат границата.
Група од околу стотина бегалци кои го продолжуваат чекањето во камповите во Идомени, придружени со слогани се обиделе да ја срушат оградата на границата, по што македоската полиција реагирала со користење насолзавец и шок-бомби.
Грчките медиуми информираа дека како резултат на настанатате тензија која меѓу бегалците и македонската полиција, како првентивна мерка, долж границата биле поставени екипи на грчките мобилни единици. Полицијата ги земала под контрола пристапните места кон оваа област и притоа притворила една жена од германска националност, се вели во изјавата.
Од друга страна, во исто време од други локации во државата, се префрлаат бегалци во реонот на Јанина, кои не сакаат да останат во кампоите, при доаѓа до нетрпеливост меѓу полицијата и бегалците, се вели во известувањето од Атина. Одговорните од полицијата, изјавија дека вчера со 6 автобуси, во областа на Лариса, во кампот Качика кај Јанина, биле префрлени 382 бегалци на отворен простор, кои одбиле да останат на голината, и дека некои успеале да избегаат.