- Расте тензијата меѓу економските мигранти кои се наоѓаат во меѓузоната на македонско-грчката граница. Во знак на револт и протест денеска неколку мигранти од Иран ги зашија своите усти
Adnan İdriz
23 ноември 2015•Ажурирај: 24 ноември 2015
Гевгелија
ГЕВГЕЛИЈА - Расте тензијата меѓу економските мигранти кои се наоѓаат во меѓузоната на македонско-грчката граница. Во знак на револт и протест денеска неколку мигранти од Иран ги зашија своите усти, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите на терен мигрантите се поделени на неколку групи. Во првата група се наоѓаат мигрантите од Бангладеш кои ги има околу стотина. Во изјава за АА велат дека “Подобро да умрат на пругите овде на макдеонско-грчката граница отколку да се вратат назад, каде што ги чека сигурна и сурова смрт”.
Во втората група се наоѓаат мигранти од Иран. Тие во знак на револт и протест лежат на пругите, а на телата имаат испишано FREEDOM.
Третата група се мигрантите од Мароко. Тие својот револт го искажаа преку голем ковчег направен од картон, кој ја симболизира нивната смрт која ги чека доколку би се вратиле назад.
Состојбата во моментот во меѓузоната Идомени е мирна, иако тензијата на економските мигранти кои ги има над 2.000 постојано расте, откако веќе неколку дена се обидуваат да ја преминат границата но се спречени од македонските безбедносни сили, а се врши регистрирање само на бегалци од воените зони.
Мигрантите кои се заглавени во меѓузоната веќе трет ден штрајкуваат со глад, блокирајќи ја пругата кај местото Камен 59 на границата со Грција. Тие порачуваат дека не отстапуваат од своите намери да отидат во некоја земја на ЕУ.