Ivana Ramadanova
08 Август 2016•Ажурирај: 09 Август 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во просториите на салата на Советот на Град Скопје, поточно во барака број 13, денеска ќе биде отворена книга на жалост за загинатите во катастрофалното невреме што го зафати Скопје и регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
„Во просториите на Градското собрание во Скопје денеска ќе биде отворена книга на жалост за загинатите во катастрофалното невреме”, стои во соопштението од Советот на градот.
Oд Град Скопје соопштија дека сите граѓани кои сакаат да се запишат во книгата на жалост ќе можат да го направат тоа денеска до 21 часот.