Hasan Esen
14 Март 2017•Ажурирај: 15 Март 2017
РОТЕРДАМ (АА) - На утрешните општи избори во Холандија ќе учествуваат 14 партии. Иако Либералната партија под водство на премиерот Марк Руте се смета за најсилна политичка партија во Холандија, сепак се верува дека ниту една партија не ќе може самостојно да состави влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Според последните анкети, во холандскиот Парламент, кој брои 150 пратеници, Либералната партија би требало да освои од 24 до 28 пратенички места. По дипломатскиот скандал со Турција, се претпоставува дека партијата на премиерот Руте го има зголемено бројот на гласовите, но недоволно, и се очекува бројот на пратениците, кој на изборите во 2012 година изнесуваше 41, да се намали за најмалку 13 пратеници.
Премиерот Руте ја дели истата реторика како и екстремната десница во Холандија, и на холандските државјани од турско потекло им порача: „Одете си оттука“. Тој во весниците објави оглас: „Доколку не се однесуваш во согласност со законите на земјата, напушти ја“, и ги забрани активностите поврзани со референдумот во Турција, така што доколку победи на изборите, ќе се измачи во формирањето на владата.

- Според омразата кон исламот и според расизмот, Либералната партија е втора во Холандија -
Се претпоставува дека второпласирана на изборите ќе биде Партијата за слобода, под лидерство на Герт Вилдерс, која се очекува да освои од 20 до 24 пратеници. Во последните недели е забележан благ пад во гласовите на партијата чија програма се темели врз „прочистување од исламот“, и на ветувањето дека ќе ги затвори џамиите во земјата, ќе го забрани Куранот и ќе ги поништи доделените дозволи за престој на азилантите. И покрај овој пад, се очекува партијата да оствари големо издигнување во однос на 25-те пратенички места што го освои на изборите во 2012 година. Партијата за слобода, од трета политичка партија на претходните избори, во моментов е втора. Се смета дека зголемениот број на гласови партијата му го должи на порастот на расизмот во државата.
- Работничката партија ќе загуби сериозен број гласови -
На овие избори се очекува Работничката партија, под водство на Лодевијк Ашер, да доживее сериозна загуба на гласовите во однос на 2012 година, кога имаше освоено 38 пратенички места. Според последните анкети, се очекува Работничката парија да освои од 10 до 12 пратенички места.
Лидерот на партијата и заменик-премиер Ашер, откако увиде дека ја загуби довербата кај народот и нема да може толку лесно да дојде до гласовите на малцинствата во земјата, започна со реторика против бегалците и против Турција. Партијата ја напуштија пратениците во холандскиот Парламент од турско потекло, Тунахан Кузу и Селчук Озтурк, поради недовербата во политиката за интеграција на партијата. Од втора партија, станаа трета партија во Холандија и доколку земе место во Владата, нема да биде толку моќна како претходно.
Унијата на демохристијани повторно со реториката против исламот успеа да го зголеми бројот на своите гласови. Се очекува партијата да освои 19 пратенички места, што е подобар биланс во однос на претходните избори, кога имаше освоено само 13 пратеници.
- Партијата ДЕНК ќе делува врз балансот на коалицијата -
На овие избори ќе учествува и партијата ДЕНК, чие име на фламански значи „размисли“, а е формирана од страна на пратениците Тунахан Кузу и Селчук Озтурк, кои ја напуштија Работничката партија. Поради сѐ поголемиот подем на омразата кон муслиманите и Турција, овие двајца холандски пратеници влегоа во политичката арена формирајќи ја партијата ДЕНК, која покрај гласовите на муслиманите и Турците, се стреми и кон гласовите на Холанѓаните. Партијата нуди алтернативна реторика против расизмот, ксенофобијата и омразата кон исламот. Се очекува успех на ДЕНК на овие избори во Холандија.
За да може една партија да формира влада во Холандија, потребно е да освојат најмалку 76 пратенички места. Во моментов, наместо конкретна политика, партиите водат реторика на расистичка и ксенофобна политика, што ќе доведе до тоа партиите да освојат сличен број на гласови. Тоа ќе доведе до проблеми во формирањето на коалициската влада во Холандија.