Ekipa
05 Април 2018•Ажурирај: 05 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Болницата „Таксим“ во истанбулскиот кварт Газиосманпаша ја зафати пожар, а повеќе екипи на Противпожарните служби работат на неговото гасење, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарот на АА од Истанбул јави дека пожарот ја зафатил болницата „Таксим“ во квартот Газиосманпаша, во европскиот дел на Истанбул.
Причината за избувнувањето на пожарот не е позната, а кон болницата се упатени поголем број екипи на Противпожарните служби кои во моментот работат на неговото гасење.