Mehmet Tosun,Alp Ertunga Karaca
20 декември 2015•Ажурирај: 20 декември 2015
АНКАРА (АА) - Пожарните екипи го ставија под контрола пожарот кој рано утрово го зафати градскиот пазар во местото Кеџиорен во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот на пазарот Османли Халк Пазар избувна утрово во 4.30, според првите проценки огнената стихија проголта најмалку 250 продавници и занаетчиски дуќани во комплексот на пазарот.
Над квартот можеше да се види густ облак од чад, а пожарните екипи работат на додатна контрола на опожарените места за да се спречи ширење на пожарот и загрозување на околните населби.
По избувнување на пожарот на пазарот стасаа бројни сопственици на изгорените продавници и занаетчиските дуќани и се обидуваат да ја извлечат робата која евентуално останала во подрумите на продавниците.